Не убивај комарец со меч

 

Зборовите на Конфучие не го губат своето значење ни денес.

maxresdefault_1

За човекот 

1. Во антиката луѓето учеле за да се самообразуваат. Денес – за да ги восхитат другите.

2. Ако со добро ги накитиш непријателите, тогаш со што ќе ги наградиш своите пријатели?!

3. Блажен е оној кој ништо не знае, тој не ризикува да остане неразбран.

4. Да не разговараш со човек со кого може да се зборува, значи да го загубиш човекот; да разговараш со човек со кого не треба да зборуваш, значи да ги загубиш зборовите. Паметниот човек не го губи ниту човекот, ниту зборовите.

5. Дрвјата имаат корени и гранки, делата имаат крај и почеток. Кога знаеш што стои во основата и што следува, ќе се приближиш до вистинскиот пат.

6. Срамно е да бидеш пријател со човек кој што е тајно завидлив.

7. Едноставниот се жали дека луѓето не го знаат, а мудрецот – дека тој не ги познава луѓето.

8. Слушнав и заборавив. Видов и запомнив. Искусив и сфатив.

10027868

За успехот

9. Да се избориме со лошите навики е полесно денес отколку утре.

10. Избери ја работата што ja сакаш, и тогаш нема да бидеш принуден да работиш ни еден ден во својот живот.

11. Кога патиштата не се совпаѓаат, не правете заеднички планови.

12. Оној кој зборува многу, сепак ќе каже нешто што не требало да го изусити.

13. Оној кој не напредува секој ден, секој ден заостанува.

14. Оној кој постигнува ново грижејќи се за старото, тој може да биде учител.

15. Молчењето е верен пријател кој никогаш нема да те предаде.

16. Најголемата грешка е да не ја поправаш старата грешка.

the-key-to-success-carrie-jackson

За државата

17. Проклетство е да живееш во интересни времиња.

18. Во државата каде што има ред, биди храбар во своите активности и во зборовите. Во државата, каде што нема ред, биди храбар во своите постапки и претпазлив при изборот на своите зборови.

19. Да ги испраќаш луѓето во војна без обука, значи да ги предаваш.

20. Кога зборовите го губат своето значење, луѓето ја губат својата слобода.

21. Не убивај комарец со меч.

 

- Реклама -