Неверојатно е колку многу си личат.
Моника Круз е помладата сестра на познатата актерка Пенелопе, која се занимава со актерство и моделинг.
Не знаеме колку ја паметите, но во ерата на „шпанските“ серии на Балканот, Моника се појави на ТВ екраните со неколку улоги.
Зад неа веќе има оставено бројни мјузикли, театарски претстави, реклами, емисии, филмови…
Искрено, нè изненадува тоа што немала некои поголеми улоги во Холивуд, со оглед на тоа што сите очекуваа дека ќе тргне по стапките на нејзината постара сестра.