Младата пејачка Анџела Вујовиќ за која веќе со денови српските медиуми пишуваат дека му е нова девојка на Вељко Ражнатовиќ, тврди дека му е само пријателка на синот на Цеца и дека ваквата афера и создала големи непријатности па со денови плаче и се обидува да докаже дека Вељко не и е дечко.
– Вељко и јас не сме во врска и со денови плачам поради овие измислици. Ние се знаеме од градинка, но со години се немаме видено ни чуено, се додека годинава не отидов со тетин ми во Гуча. Таму го сретнав Вељко, но само разговаравме. Бидејќи иамме и заедничка пријателка една вечер излеговме заедно, но ништо повеќе. До скоро имав долга врска и ни на крај памет не ми падна да се мувам со Вељко- тврди Анџела и додава дека поради ваквите трачеви пријателите на поранешната девојка на Вељко секојдневно ја навредуваат на социјалните мрежи.
-Веднаш по првиот текст во весниците на Фејсбук почнаа да ми стигаат одвратни пораки дека сум спонзоруша, сељанка и што уште не- објаснува Анџела.