Сè што не сте знаеле за iPhone

Судскиот спор помеѓу Apple и Samsung предизвика многу контроверзи, но и примора дел од директорите во американската компанија во јавноста да изнесат многу интересни детали за настанувањето на нивниот смартфон, iPhone.

  • Пред да се одлучат за производство на iPhone и iPad, одговорните лица во Apple размислувале за производи од други категории, како што се автомобил или камера;
  • Проектот за создавање на iPhone бил именуван „Проект пурпурно“;
  • Кога Скот Форстал, одговорен програмер за iOS, започнал да вработува луѓе за создавање на оперативниот систем, Стив Џобс му соопштил дека не смее да вработи никој надвор од компанијата;
  • Кога започнала работата на оперативниот систем за новиот телефон, програмерскиот тим зазел цел кат од зградата на Apple, добиле дополнително обезбедување и закачиле Fight Club постер на влезната врата – не зборувајте за „Проектот пурпурно“;
  • Иако уредите од Apple станаа вистински хит, особено на американскиот пазар, компанијата продолжи да троши милиони на реклами. Така, во 2008 година биле потрошени 97,5 милиони долари за реклами за iPhone во САД, 149,6 милиони во 2009 година и 173,3 милиони во 2010 година. За реклами за iPad, само во САД, во 2010 година биле потрошени 149,5 милиони долари;

Откако законски беа приморани да ги откријат податоците од повеќе области, вклучително и навиките на нивните потрошувачи, сега знаеме дека љубителите на Apple производи се доста претпазливи луѓе – преку 78 проценти од нив купуваат футроли за своите уреди. Оттаму, дури и ако Apple, по некое чудо, успее да ја добие тужбата против најголемиот конкурент, ќе загуби нешто многу важно – мистеријата што им беше најголемиот маркетинг адут. [Things you never knew about the iPhone]

- Реклама -