Не сме веќе деца: „Некст тајм“ се променија до непрепознатливост

Мартин и Стефан веќе некое време ги немаме видено на нашата сцена, па затоа сме толку изненадени од нивниот нов стајлинг.

Тие за „Точка“ направија фотосесија со Владо Георгиев, каде може да се види колку пораснале,а во „Фешнел“, раскажаа нешто повеќе за нивниот нов имиџ

„Не многу е променет нашиот изглед, но изгледа дека требаше сосем малку да се промениме за луѓето да имаат друга физичка перцепција кон нас. Созреваме како личности и нормално е да го менуваме имиџот. Веќе не сме деца, сакаме да изгледаме сериозно и да бидеме сфатени така. Засега не мислиме дека ни е потребна професионална помош во однос на сценкиот имиџ, зашто милам дека и двајцата со Мартин имаме добр  моден естетски вкус. Знам да се облечам како што треба и кежуал и покласично, поточно оној имиџ кој го негувам, сакам во целост да биде сопствен печат. Знам да изберам добри прчиња,  следам и модни трендови, посебно на светски портали за мажи“, објаснува Стефан.

Погледнете како изгледаат денес.

 

 

- Реклама -