Богатата наследничка, Париз Хилтон, не се откажува од желбата да стане познато име во музичката индустрија.
Париз, при снимањето на нејзиното најново видео за песната „High of my love“, промени неколку секси кожни костими со кои не можеше да се воздржи а да не ги покаже на социјалните мрежи пред да излезе самиот спот.
Некои од костимите и се допаднале до тој степен, што напишала и дека еден од нив сигурно ќе носи на „BET“ наградите кои ќе се одржат овој викенд.
Париз за потребите на видеото, освен црните кожни костими на себе има силна шминка и различни фризури.
Нејзиниот најнов албум се очекува да излезе оваа година на кој ќе можете да ги слушнете нејзините соработки со Лил Вејн, Снуп Дог, составот LMFAO и Фло Рида.
Сите костими можете да ги погледнете во галеријата подолу: