Не претерувајте со мултивитамините

Повеќе... Со толку многу пропаганда за здравата исхрана понекогаш се случува да претераме, па така наместо да правиме нешто што е здраво за нас, го правиме токму спротивното. Да ги земеме на пр. мултивитамините. Многумина ги земаат овие додатоци на исхраната секој ден, но последните истражувања предупредуваат  дека претерувањето со витамините не е толку добро за телото како што претходно се мислеше. Еве ги податоците.


15327.jpgСо толку многу пропаганда за здравата исхрана понекогаш се случува да
претераме, па така наместо да правиме нешто што е здраво за нас, го
правиме токму спротивното. Да ги земеме на пр. мултивитамините.
Многумина ги земаат овие додатоци на исхраната секој ден, но последните
истражувања предупредуваат  дека претерувањето со витамините не е толку
добро за телото како што претходно се мислеше. Еве ги податоците.

ДИЈАБЕТЕС: Додека витаминот К и тиаминот односно витаминот B1 ги намалуваат ризичните фактори, научниците предупредуваат дека селенот во витамините може да го зголеми ризикот за дијабетес тип 2.

РАК НА ПРОСТАТАТА: Со земање премногу мултивитамини може да го зголеми ризикот за рак на простатата, според податоците на Националниот институт за рак во САД.

БОЛЕСТИ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ: Мултивитамините не заштитуваат од рак на белите дробови, тврдат научниците од Универзитетот во Вашингтон. Всушност, премногу витамин Е може да го зголеми ризикот.

ДОЛГОВЕЧНОСТ: Она што можеби е најалармантно, витаминските додатоци можат да влијаат и врз животниот век. Така вели една данска студија во која беа вклучени 200.000 учесници. Откако беа разгледани податоците од 67 засебни студии, истражувачите открија дека луѓето кои земале витамини биле со пократок животен век од оние кои не земале.

Заклучок: Доколку вашата исхрана е сиромашна со витамини, мултивитамините можат да помогнат. Но ако се храните добро (јадете на пр. многу житарици, овошје, зеленчук и интегрален леб), веќе ги добивате витамините кои ви се потребни.

- Реклама -