Не постои боја во која не изгледа секси

Манекенката е доказ дека една жена може да биде секси, која боја и да ја облече.

Ирина Шајк заблеска на париската седмица на модата и покажа дека неа и прилега буквално секое парче кое ќе го стави на себе.

Една од комбинациите кои убавата Русинка ги понесе е жолт фустан во комбинација со црни обувки и чанта.

irina-sajk-foto-profimedia-1436178633-695143 irina-sajk-foto-profimedia-1436178633-695145

Иако една од водечките бои кои зрачат со сексипил е црвената, манекенката покажа дека и жолтата може да изгледа неверојатно секси, но треба да се носи на вистински начин.

Поранешната љубов на Кристијано Роналдо, од неодамна е во врска со американскиот актер и продуцент, Бредли Купер. Таа мами воздишки каде и да се појави.

irina-sajk-foto-profimedia-1436178633-695147 irina-sajk-foto-profimedia-1436178633-695151

 

- Реклама -