Не кец, не Бекамка туку Кимовка

На  мажите во Пјонгјанг  им е наредено да се шишаат на ист начин како лидерот на земјата Ким Јонг Ун. Наредбата до раководствата на мажите  во земјата  е  издадено по препорака на владејачката / и единствена / Трудова партија.

Сите  веќе ќе мораат да имаат  фризура како  Ким – исечени до кожа околу ушите и вратот, а бујни на врвот – исчешлани нагоре.

На жените  пак им било  наредено да ја ископираат  фризурата на сопругата на лидерот – Ли Сол, пишуваат агенциите.

До минатата година во Пјонгјанг постоеше избор меѓу 10 машки и 18 женски фризури, со тоа што  немажените жени располагаа со најголем избор.

Што се однесува до фризурата на  Ким, десетина години наназад таа би предизвикала партиско неодобрување, бидејќи во тоа време се сметала за специфичен знак на крадците и шверцерите.

- Реклама -