Не каде, туку како одат

При движење Путин секогаш ја држи десната рака крај телото, односно прави минимални движења со неа, а за тоа постои добра причина.

Putin-Medvedev-620x350
Претседателот и премиерот на Русија, Владимир Путин и Димитриј Медведев секојдневно се под лупа во голем дел од медиумите ширум светот. Нивните изјави, посетите низ земјите, реакциите на најразлични светски настани – редовно се анализираат и проучуваат.

Така, британските медиуми се осврнаа на текст во кој се анализира дури и начинот на одење на двајцата лидери.

Британскиот „Телеграф“ пишува дека специјалното чекорење,  Путин го научил за време на кариерата во KGB.

Станува збор за начинот на кој Путин секогаш ја држи десната рака покрај телото. За време на движењето, десната рака минимално се движи и речиси секогаш е прилепена за неговата нога.

Нормално, постои и логична причина што ја објаснува невербалната комуникација на претседателот. Се работи за тоа што ваквата положба на телото овозможува лесно и многу брзо да се посегне по оружје, за не дај боже, анализираат аналитичарите.

Покрај Путин, таков начин на одење усвои и премиерот Медведев, иако не поминал обука во разузнавање или воени служби, а покрај него на исти начин се движат и други високи функционери.

Инаку, Бастијан Болем, професор по неврологија од Холандија, претходно изјави после анализа на истата тема дека претседателот на Русија можеби боледува од Паркинсовата болест.

- Реклама -