Пред да заминете на море немате потреба од шишање и фарбање, бидејќи солената вода може да ја уништи косата.
Косата на лето станува расцветана, го губи сјајот и тешко се расчешлува. Ако на сето тоа ги додадете и морската вода, ветрот, сонцето и хлорот од базенот, добивате сигурен рецепт за уништување на влакната. За да не ја оштетите премногу косата за време на топлите денови, послушајте ги советите на експерите за нега и убавина.
Често сатавајте маска за коса, за да ја нахраните, особено доколку се фарбате.
Не ја фарбајте косата еден ден пред море, најдобро е да го правите тоа три седмици пред да заминете на одмор, или најдоцна десет дена. Ова е особено важно за русокосите кои планираат да се капат во базен, бидејќи под влијание на хлор нивната коса може да стане зеленкаста. Не е препорачливо ни бланширањето, ниту пак експериментирањето со бои, па затоа специјалистите порачуваат да се држите до проверените нијанси.
Додека сте на море, после пливањето задолжително измијте ја косата со обична вода. Не морате да користите шампон за време на секое миење, важно е само да ја отстраните солта за да спречите уништување. Кога се сончате, заштитете се со марама или шешир и негувајте ги вашите влакна со масло кое што содржи УВ филтери. Добро би ви дошло и обично маслиново масло.
После одморот, скратете ги краевите и замолете го вашиот фризер да ви стави производ што ја регенерира косата.