Не го викаат „Карпа“ за џабе

Актерот и порфесионалниот борач Двејн Џонс (41), го оправда прекарот „Карпа“ со оглед на тоа дека по 22-часовен лет, веднаш отишол во теретана да ги „пумпа“ мускулите.
Актерот 22 часа летал до Австралија, а потоа веднаш побарал теретана, каде продолжил да вежба со огромен интензитет. Фотографиите ги објавил на Инстаграм профилот на кои се гледаат неговите масовни мускули.

Двејн ужива во покажувањето на своите мускули, а при тоа прави и чудни гримаси на фотографиите, па така се сликал со списание на одржување на фигурата во теретана. При тоа максимално ги стегнал мускулите во стилот на Хулк Хоган. Бидејќи тој се наоѓа на насловната на списанието, повеќе пати изјавил дека е горд со тоа постигнување.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Актерот е присутен дури и на Форбс листата на највисоко платени актери. Филмовите во кои играл, меѓу кои се “Fast & Furious 6”, “Pain & Gain”, “G.I. Joe: Retaliation” и “Snitch”, имаа заработка од неверојатни 1,3 милијарди долари ширум светот на благајните.

Меѓу другото, Џонсон се пофали и со исхраната. Поточно, „ридот“ палачинки кои можете да ги видите пред него на масата, актерот ги изел за ужина.

- Реклама -