Не го правете ова во кујната

Жешката рингла не е единствената опасност која што ви се заканува во кујната. Погледнете што уште не треба да правите во катчето за подготовка на храната.

1.Не пробувајте од јадењето додека „се крчка“. Дури ни дувањето во лажичката не помага секогаш. Сипете малку на страна, почекајте некоја секунда и потоа вкусете.

1

2. Не се обидувајте да фатите нож додека паѓа. Во таква ситуација, само повлечете се чекор кон назад.

2

3. Не ја држете главата во близина на рерната кога отворате да проверите дали е готово јадењето – жешката пареа може да ве изгори по лицето.

4

4. Ова е секси, но ризикувате да се изгорите доколку пржите нешто. Што мислите за кецела? Врзете ја преку голото тело и подгответе изненадување.

5

5. Знаете дека не смеете да ги ставате жешките садови на стаклена маса, но не смеете ни малку, доколку стаклото е потпукнато, па и најниската температура може да биде долволна да прсне.

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла

t

6. Не користете влажни ракавици или крпи за рерна – можат да ви се лизнат од раце.

6

7. Немојте да сипете топла течност во стаклен сад или чаша, освен доколку не се работи за стакло кое е предвидено да издржи високи температури.

7

8. Тапиот нож е поопасен од остриот. Со вториот, доволно е да направите само еден потег.

8

9. Доколку се запали храната во рерната, не отворајте – бидејќи ќе биде уште полошо. Исклучете го шпоретот од струја и почекајте огнот да се изгаси сам.

9

10. Никогаш не спипувајте вода во жешко масло. Ризикувате да започне да прска.

10

- Реклама -