Не ги тепајте децата!

Повеќе... Децата не треба да се тепаат од многу причини кои верувам не треба ни да ги набројуваме (зошто децата не треба да се тепаат и точка!), а научниците сега предупредуваат дека удирањето и ќотекот се штетни за развојот на интелигенцијата кај децата. Оние деца чии родители ги тепаат имаат значително помал IQ oд оние чии родители не практикуваат вакви варварски методи на воспитување.


child_5613f.jpgДецата не треба да се тепаат од многу причини кои верувам не треба ни да ги набројуваме (зошто децата не треба да се тепаат и точка!), а научниците сега предупредуваат дека удирањето и ќотекот се штетни за развојот на интелигенцијата кај децата. Оние деца чии родители ги тепаат имаат значително помал IQ oд оние чии родители не практикуваат вакви варварски методи на воспитување.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

Според Murray Strauss, кој посвети 40 години на ова истражување, разговорот со децата, вклучувајќи ги тука и новороденчињата, е поврзан со развојот на врските во мозокот и когнитивните способности. Колку повеќе е присутно физичко казнување, потребно е повеќе вербална интеракција за детето да може да учи и напредува.

Ударот делува застрашувачки и ги плаши децата и за нив тоа е стресно искуство. Затоа, стравот и стресот можат да резултираат со когнитивен дефицит. Сите родители сакаат паметни деца, а ова истражување покажа дека со избегнувањето на ќотекот тоа би можело и да се оствари.

- Реклама -