Познатата актерка и модел поднесе барање за развод.
Американскиот модел Амбер Роуз откри дека нејзиниот сопруг Виз Калифа ја изневерил со две близначки, пишува британскиот Mirror.
Диџеј Питер Росенберг, близок пријател на 30-годишната убавица, тврди дека кога дошла дома го нашла нејзиниот сопруг во кревет со две модни дизајнерки- Џас и Нес Роуз.
„Амбер влегла во куќата и го нашла во кревет со две жени. Близначки. Спиел со близначки“, рекол изворот.
Диџејот тврди дека парот, кој има 19-месечен син Себастијан, долго време се несреќни.
„Верувам дека Амбер била свесна дека имаат проблеми, дека тој не е среќен, а ниту таа не била среќна, но се тешела- тој е на турнеја, поминува низ многу сега во животот и се надевала дека нивниот однос повторно ќе функционира“, открива изворот.
Амбер минатата недела ги потпишала документите за развод по само една година брак.