Татковството е одговорна задача.
Да се изведе детето на вистинскиот пат, честопати игнорирајќи ги сопствените слабости за да се докаже и успее е нешто што никому не му е вродено.
Верувајте дека сите скаат и грешат, но чувството на гордост ги поттиснува сите маки.
Погледнете неколку убави цитати за мотивација.
„Ние не одгледуваме херои, ние одгледуваме синови. И, ако се однесуваме кон нив како кон синови, тие би станале вистински херои, дури и само во нашите сопствени очи. “
Walter M. Schirra, Sr.
„Има 5 важни нешта:
– Бидете секогаш дел од животот на својата ќерка.
– Почитувајте ја нејзината мајка.
– Ценете го секој момент поминат заедно со неа.
– Молете се за неа секој ден.
– Бидете нејзиниот најомилен лик. “
Harry H. Harrison Jr.
„Најверните критериум за односот на еден татко кон неговите деца се манифестира кога нема никој друг наоколу.”
Dan Pearce
„Синовите на богатите мажи ретко стануваат татковци на богати синови.”
Herbert Kaufman
„Свадбата е за татковците и ќерките. Мајките се трудат да изгледаат помлади и убави, но самата свадба е за таткото и неговата ќерка. Ова е момент од кој тие веќе престануваат да бидат „венчани“ еден за друг. “
Sarah Ruhl
„Кога еден маж сфаќа дека неговиот татко најверојатно бил во право, тогаш тој самиот веќе има син, кој мисли за неговиот татко, дека греши.”
Charles Wadsworth
„Татко ми ми го даде највредниот дар, кој воопшто може да биде подарен – тој поверува во мене.”
Jim Valvano
„Татко ми беше тој што ме натера да ја напуштам својата работа и да го побарам животот што сакам да го имам. Тој беше не помалку возбуден од мене самиот, но ми рече дека можам. Имам 30 години и за мене се уште има голема сила во зборовите на татко ми. Уште го чувствувам силното влијание на неговите зборови – ќе успееш!”
Dan Pearce
„Кога татко ми не ме држеше за раката, знаев дека ми го чува грбот.”
Linda Poindexter
„Местото на таткото во современото, модерно семејство, е малечко, особено ако игра голф.”
Bertrand Russell