Не е Хансен… Но затоа е големиот Лазаров!

Во пресрет на натпреварот со Австрија, Австријците започнаа со провокации кон македонската ракометна селекција.

Кирил Лазаров во моментов е најдобар стрелец на Европското првенство со вкупно 19 погодоци, меѓутоа, за Австријците бекот на Барселона не е Хансен и сметаат дека брзо ќе се измори.

„Од него почнува сè, проигрува, асистира, има голем одраз, но ја нема силата на Микел Хансен. Хансен вчера ни создаде големи проблеми. На Лазаров ќе падне голем притисок“, изјави голманот Никола Мариновиќ кој е роден во Белград, додека пак селекторот Јохансон додаде:

„Тој е светска класа, но не е Хансен. Го нема истото темпо и истата сила како Микел. Патем, уморен е. Ние треба само да бидеме трпеливи“.

Прочитајте и:  Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип

Во 18:15 часот започнува пресметката против Австрија.

Да ги поддржиме!

- Реклама -