Не дозволувајте менструалниот циклус да ви го уништи одморот

Конечно… Долгоочекуваниот годишен одмор на море и баш првиот ден, ви пристигна и менструацијата. Ова сценарио сигурно го поминале многу жени, но тоа не мора да значи и крај за уживањето на плажа. Ова се најчестите прашања поврзани со овој проблем, кои девојките им ги поставуваат на гинеколозите:

1. Смеам ли да се капам на првиот ден од менструацијата?

Доколку жената има редовен циклус и благо крварење, можете да се капете уште на првиот ден, но умерено и кратко, секако со тампон. Тампонот треба да се менува секој пат после излегувањето од вода. Доколку крварите обилно тогаш е препорачливо да почекате барем два-три дена.

tanning

2. Смеам ли да се сончам за време на периодот?

Сончањето во најтоплите периоди секако треба да го избегнувате. Но, и во доцните попладневни часови, кога сонцето е послабо, сончањето е дозволено и кога имате циклус. Исклучок се чувствителните жени со силни болки и обилно крварење. Тие секако би морале да го избегнуваат директното излегување на сонце.

3. Што морам да направам после годишниот одмор?

Откако ќе се вратите од плажите препорачливо е да посетите гинеколог. Промената на средина е можно да направи и промена во циклусот, а капењето, мокрите костими за капење, и седењето на јавни површини „голишави“ може да предизвика запаление или бактериско воспалување кое треба да го контролирате.

- Реклама -