Новооткриените остатоци чинат дури 12 проценти од сите кои се досега пронајдени во грчките води.
Археолозите во Грција дошле до откритие какво што се случува еднаш во животот – на едно место пронашле дури 22 остатоци од потопени бродови. Откритијата се направени во архипелагот Фоурни, а се проценува дека датираат од седмиот век пред новата ера. Местото се наоѓа на трговската рута меѓу Грција, Египет и Кипар.
Археолозите веруваат дека на подрачјето од 25 квадратни километри се наоѓаат дури 40 потопени бродови.
„Во најдобар случај обично наидуваме на пет остатоци. Не бевме подготвени на ова. Остатоците беа речиси секаде околу нас. Вакво нешто се случува еднаш во животот“, вели лидерот на грчката експедиција Џорџ Коутсоуфлакис.