Комесарот на NBA лигата, Дејвид Штерн, за првпат во историјата забрани користење одреден вид патики во натпреварите, со образложение оти тие можат да влијаат врз перформансите на играчите.
Комесарот на NBA лигата, Дејвид Штерн, за првпат во историјата забрани користење одреден вид патики во натпреварите, со образложение оти тие можат да влијаат врз перформансите на играчите.
Патиките APL се во фазата на развој и им ветуваат на оние што ги носат зголемување на скочноста, со помош на револуционерната технологија што ќе акумулира и потоа ќе ослободи енергија.
Иако до сега никој од кошаркарите во лигата не пројавил интерес за овие патики, Дејвид Штерн оценил дека ако некој ги носи, тоа ќе му даде предност која е оценета како нефер спрема останатите кошаркари. Сето тоа резултираше со забрана на патиките кои чинат само 300 долари.