НБА планира да организира шест натпревари во Европа во период од три години

Шест натпревари од редовната сезона на НБА-лигата ќе се одржат во Европа во следните три години.

Првиот натпревар е планиран за 15 јануари 2026 година во Берлин, каде што Орландо ќе се соочи со Мемфис. Овие два тима повторно ќе се натпреваруваат на 18 јануари во Лондон.

Во 2027 година, натпреварите ќе се реализираат во Манчестер и Париз, а во 2028 година – повторно во Берлин и Париз. Во моментов, екипите кои ќе учествуваат во овие настани не се познати.

Последниот пат кога НБА натпреварите се одржаа во Европа беше во јануари 2025 година, кога Сан Антонио и Индијана играа во Париз.

Прочитајте и:  Шкендија забележа индискутабилна и висока победа против Европа во КЛ