Навивачите открија: Милнер ја зезнал работата, се знаело дека Ливерпул ќе изгуби уште од сам старт

По поразите, најважно е од нив да извлечете поука. Тоа го знаат и фановите на Ливерпул, па откако малку се соземаа од вчерашниот шок против Црвена Ѕвезда, седнаа да анализираат. И одеднаш, работите станаа појасни. Излезе дека за многумина се знаело дека Ливерпул ќе го загуби мечот уште пред првиот судиски свиреж.

Имено, „експертско тело“ на Твитер го пронајде проблемот – капитенот Милнер. Тој ја утна работата уште при самото фрлање на паричката, кога наместо црвената, ја избра сината страна на паричката. А не само што црвената е боја на Ливерпул, туку сината е заштитна на нивниот најлут ривал – Евертон. И веќе од тој момент, заклучено е на социјалните мрежи, веќе се знаело што ќе се случува понатаму.

https://twitter.com/BestofFootball8/status/1059905571137163269

„Џордан Хендерсон никогаш не би ја избрал сината наместо црвената. Молам на Милнер да му се симне лентата и веќе да не биде заменик капитен“, вели еден од коментарите.

Други постапката на Милнер ја нарекоа „скандалозна“.

„Да беше Бил Шенкли (прочуен менаџер на Ливерпул од 1959 до 1974 година), за вакво нешто Милнер веднаш ќе беше продаден“.

Се разбира, повеќето од коментарите се на шега (или барем се надеваме дека се). Ама едно е сигурно, меѓу нив има и такви што се мртви сериозни.

 

- Реклама -