Навивачите на ПСЖ им галамеле на Реал Мадрид под прозор, за да не отспијат

Не е важно како, туку важно е предноста на Реал Мадрид против ПСЖ да биде анулирана. Следствено на тоа, во раните утрински часови се собрала мала група од едно 50-тина ултрас навивачи, за да се погрижи дека фудбалерите на Реал Мадрид ќе играат на дуелот во Париз ненаспани.

ПСЖ вечерва ќе треба да брка негатива од 3-1, па „Светците“ со денови ги повикуваа своите навивачи да ги пречекаат гостинските фудбалери во пеколна атмосфера.

Околу 1:30 часот утрово, пред хотелот каде што престојува делегацијата на Реал Мадрид, така и изгледаше – пеколно. Петарди, „бомби“ и гласни свирки, и општо – многу врева, повеќе од доволно за човек да не може око да склопи.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Обезбедувањето на Реал Мадрид веднаш повикало полиција, која набрзо пристигнала и привела две лица. Едно е сигурно, фудбалерите на Реал заспаа доцна во ноќта, не пред 1:30 часот, сигурно.

Ѕирнете ја атмосферата во видеото:

- Реклама -