Навивачите на Интер со парола го молат Шкринијар да остане

Словачкиот дефанзивец Милан Шкринијар влезе во последните шест месеци од договорот со Интер и на повидок не е нова соработка, додека се реди редот од други гиганти за да го ангажираат бесплатно, откако лани Интер го одби ПСЖ и 50-те милиони евра за трансфер.

И додека Шкринијар се мисли, раководството на Интер преговара со него, навивачите на „нераѕурите“ вечерва со парола го замолија да остане.

„Милан, остани во Милано – ти си наш капитен!“, беше паролата на ултрасите на Интер.

- Реклама -