Навивачи на Галатасарај и Баерн физички се пресметале во Истанбул, петмина хоспитализирани

Навивачи на Галатасарај и Баерн Минхен физички се пресметаа на улиците во Истанбул пред вечерашниот натпревар меѓу турскиот и германскиот тим во фудбалската Лига на шампиони.

Како што јавија вечерва турските медиуми, физичката пресметка се случила во доцните часови ноќта меѓу понеделникот и вторник, а сè почнало кога навивачи на Баерн искршиле излог на официјална продавница на клубот од Истанбул.

Пет лица, од кои четворица германски навивачи, се повредени во инцидентот. Петмината биле хоспитализирани изминатата ноќ и во текот на денешниот ден се пуштени од болница.

Натпреварот меѓу Галатасарај и Баерн е во рамки на 3. коло од групата А.

МИА

- Реклама -