Славната пејачка го покажа нејзиното друго лице. Погледнете како изгледа со неисчешлана коса, без шминка и со широка маица и фармерки.
Папараците ја фотографираа Џенифер Лопез со нејзината ќерка Ема на шопинг во Лос Анџелес. 44-годишната пејачка решила сосема да се опушти и воопшто да не се замара за изгледот. Облекла широка маица, фармерки и патики, а на нејзиното лице нема воопшто шминка. Можеби и малку претерала со излгеодт „не се замарам, секако сум убава“.
Погледнете ја Џеј Ло во едно поинакво издание, далеку од гламурозните во кои почесто ја гледаме.