Навики за подобар сон

Проблеми со спиењето денес имаат се повеќе луѓе. Неправилната исхрана, брзото темпо на живот и стресот се само мал дел од причинителите на несоницата. Затоа ние ви нудиме само неколку едноставни предлози за да го подобрите сонот.

Вложете во удобен кревет

Колку и да чини, добриот кревет е темел на добриот сон. Вложете во добар, квалитетен и проверен кревет. Уште по првата ноќ ќе сфатите дека требало ова да го сторите многу порано. Добриот кревет злато вреди – рекле старите и верувајте не погрешиле.

Не вежбајте пред спиење

Иако ви се чини дека доколку вежбате пред спиење полесно ќе заспиете, сепак не е така. Со вежбањето ќе ја зголемите телесната температура, работата на срцето и метаболизмот, и ова нема да ви дозволи да заспиете подолг период. Вежбајте најмалку 2 часа пред спиење.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Контролирано со компјутерот

Контролирано со компјутерот пред спиење. Сурфањето пред легнување не е добра идеја бидејќи светлото од мониторот го оптоварува мозокот и нема да можете брзо да се смирите и да заспиете.

Не учете во кревет

Учењето или читањето на книга во кревет не е правилно. Со тоа ќе го изгубите чувството за време, ќе го заморите мозокот и телото и не секогаш ќе можете брзо да заспиете. Креветот користете го само за секс и спиење, а за читање или учење користете го каучот или бирото.

Не лежете бесцелно

Ако нем ожете да заспиете не лежете бескорисно, станете и направете нешто, што било, па потоа повторно легнете. Полесно ќе заспиете доколку малку се изморите отколку бескорисно да лежите.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -