За многумина, првата асоцијација на утрото е кафето. Фановите на коефинот гледаат што побрзо да го испијат првиот утрински филџан, сметајќи дека така ќе се освежат и ќе се подготват за денот. Сепак, поради начинот на кој кафето влијае на нашите тела, науката предлага подобри термини за идеален ефект.
Стивен Милер, доктор по неуронаука, објаснува дека наутро, помеѓу 8 и 9 часот, нивоата на кортизол се највисоки. Кортизолот не е само „стрес хормон“ – исто така е тесно поврзан со будноста и свесноста.
Така, ако пиеме кафе додека нашата будност е при максимумот, залудно го трошиме потенцијалниот „boost“ (пораст) што ни го нуди кофеинот.
„Еден од клучните принципи на фармакологијата е да се користи лекот само кога има потреба (иако некои научници тврдат дека кофеинот е секогаш потребен). Во спротивно, може да развиеме толеранција на лекот ако го земаме во иста доза. Со други зборови, истата шолја кафе секое утро станува се помалку ефективна“.
Најидеалното време за пиење кафе, според Милер, е помеѓу 9.30 и 11.30 часот. Помеѓу пладне и 13.00 часот, и од 17.30 до 18.30, кортизолот е исто така близу максимумот, па препорачливо е да се избегне конзумирањето кофеин во овие периоди.
Ако планирате да пиете повеќе од една шолја, еден филџан (или помалку) на еден час ќе има најсилен ефект по вашата будност и свесност.