Науката потврдува: Со кој си – таков си

Мажите кои при крајот на четвртата и почетокот на петтата деценија од животот пуштаат стомаци се правило, а не исклучок. Дел од причините се средениот брачен живот, редовните оброци, повеќечасовното седење и недостатокот на физички активности. Ама, има нешто и во пријателите.

Верувале или не, ама ако се дружите со „пополнички“ ортаци, поголема е веројатноста дека и вие самите ќе накачите килограми. Изразено во бројки, ако имате дебели пријатели, веројатноста дека и вие самите ќе тргнете во таа насока е 57% поголема.

Од друга страна, слична е ситуацијата и со партнерката. Кога вашата поубава половина ќе се здебели, расте веројатноста и вие да ги накачите килограмите. Сепак, процентот овде е нешто помал – 37% зголемен ризик. Во превод, дружењето со „елегантно пополнети“ пријатели е „поопасно“.

Психолозите овој ефект е резултат на еден мошне едноставен феномен: колку почесто нешто гледаме, толку ни станува поприфатливо. Ако сме опкружени со туѓи вишок килограми, стануваме потолерантни кон дебелината и гојазноста, па за очекување е дека еден ќе се погледнеме во огледало и ќе сфатиме дека е редно да ослабеме.

За крај, не ни помислуваме да сугерираме дека треба да ги бирате пријателите според тоа колку тежат на вага, ама фино е да бидете свесни за феноменов.

- Реклама -