Науката открива: Кој е најатрактивниот детал на женското лице

На толку сексуални скандали и дискусии во 2017-та и 2018-та, дури и машко-женската физичка привлечност станува скандалозна тема. Меѓутоа, природа си е природа, и иако карактерот и интелектот се важни, никому не му ги пишува на чело. А природата вика – првиот впечаток е страшно важен.

И додека првото нешто што жените го забележуваат на лицето на мажите се очите, мажите прво гледаат во… усните.

Судејќи по студијата на универзитетот во Манчестер, усните се најатрактивниот дел од лицето на жената.

Како што утврдуваат научниците, во првите 10 секунди по запознавањето на нова жена, мажот поминува околу половина од тоа време гледајќи во нејзините усни, а ако носи кармин – и подолго.

Во студијата биле вклучени 50 мажи на кои им се покажувани фотографии од разни жени, со кармин и без. Во првите 10 секунди мажите се фокусирале во просек по 6.7 секунди на усните со розев кармин, и по 7.3 секунди на усните со црвен кармин.

Кога жената на сликата носела кармин, мажите ѝ гледале во очите во просек по 0.95 секунди, а во косата по 0.85 секунди. Притоа, полните усни привлекувале повеќе внимание, пишува Whimn.com.au (женски магазин, патем).

Според челникот на истражувањето – д-р Geoff Beattie, студијата сугерира дека усните претставуваат еден од најсензибилните аспекти на женското тело, и дека играат клучна улога во човечката сексуална привлечност.

„Истражувањето покажува дека црвените усни и перцепираната атрактивност сé уште се нераскинливо поврзани. Црвениот кармин, пак, се покажува како најмоќен привлекувач кој значително ја зголемува визуелната фиксација“.

- Реклама -