Науката објаснува: Можен ли е сексот во вселената?

Ако некогаш добиете шанса да се занесете во интимни активности стотици километри над Земјата, сигурно ќе треба да се справите со голем број на практични проблеми, пред воопшто да започнете, пишува IFL Science.

Смрзнатата вакуумирана вселенска храна не е баш најдобрата опција за романтична вечера, а фактот дека контролата на мисијата ве следи континуирано, исто така не е многу стимулирачки.

Веројатно имате и многу други прашања. На нив одговара познатиот научник Нил де Грас Тајсон.

“Kога мислат на вселената, обично луѓето замислуваат средина со нулта гравитација”. Но, како што објаснува тој, тоа не мора да е случај. На пример, ако вселенската станица ротира, по принцип на центрифугалната сила, може да се рекреира било која вредност на гравитација, дури и 1G, што е еквивалент на онаа на Земјата. Во тој случај, сé би било исто како и на Земјата, вклучително и она што би го правеле во сексот. Но ако нема ротација, туку едноставно летате кон својата цел, тогаш сте во бестежинска состојба, а таму сè е веќе различно. Особено сексот. Тогаш почнувате непосредно да ја воочувате манифестацијата на Њутновите закони за движење. Така, кога се движите во просторот и се движите кон некого, неговото тело се одбива од вашето. Тоа значи дека нема триење, а ако сакате да останете заедно и да ги правите сите движења што луѓето ги карактеризираат како секс, ќе ви требаат помошни средства што ќе ве држат заедно, како на пример кожни ремени. „Веројатно има многу луѓе што и сега се целосно опремени”, се шегува научникот и заклучува дека ако имате доволно јажиња и ремени, сé би се одвивало во најдобар ред.

Прочитајте и:  Научниците се жалат дека сателитите „Старлинк“ на Илон Маск пречат на истражувањата

- Реклама -