Науката на готвењето (видео)

Повеќе... Готвењето е (ал)хемија за Heston Blumenthal, доктор на науки, кој ја истражува и практикува кулинарската наука. Blumenthal го сфаќа своите истражувања сериозно, проучувајќи ја молекуларната структура на храната за неговите рецепти да го содржат сите возможни аспекти на вкусот. Погледнете како овој готвач – хемичар приготвува еден од неговите познати изуми – сладолед од сланина и јајца.

Готвењето е (ал)хемија за Heston Blumenthal, доктор на науки, кој ја
истражува и пратикува кулинарската наука. Blumenthal го сфаќа
своите истражувања сериозно, проучувајќи ја молекуларната структура на
храната за неговите рецепти да го содржат сите возможни аспекти на
вкусот.

hestonblumms1509_468x341.jpg 
hagen-dazs-double-chocolat.jpg
 
Оваа година Time магазинот го прогласи едно од делата на Blumenthal за Најдобар пронајдок во 2008 – неговата храна комбинирана со звук. Овој готвач-научник, ја тестираше својата теза дека вкусот и околината се тесно поврзани. Морската храна која се послужува во неговиот ресторан во Лондон, се сервира заедно со звуци од морето. Според испитувањата на Blumenthal, звукот на морски бранови придонесува морската храна да има за 30% посолен вкус, за разлика од тоа ако истата се јаде комбинирана со звуци од домашни животни. Затоа во неговиот ресторан The Fat Duck во Лондон, неговиот специјалитет „Звуците на морето“ се послужува заедно со iPod од каде доаѓаат звуците на морски бранови.
 
trotter_food_heston.img_assist_custom.jpg
 
Heston Blumenthal е гастрономски пронаоѓач кој открива нови вкусови со години. Во 2006-та тој беше назначен за Доктор на науки за неговота посветеност и истражување во областа на кулинарската наука. Негови изуми се и жешкиот сладолед и сладолед од јајца и сланина. Во ова видео можете да видите како се подготвува овој вториот.
 
{youtube}D6CLoRuvGcY{/youtube}
Дел од инвентивните рецепти на Heston Blumenthal можат да се најдат тука.

 

- Реклама -