Научници најпосле создадоа лек против изгореници на јазикот

Ова му се има случено на секого. Посегнувате по парче пица, загризувате и токму во тој момент дознавате дека пицата е малку пожешка од што мислевте.

Ова е сериозното прашање: „Кога научниците ќе не спасат ужасот на изгорен јазик?“ Епа, одговорот е сега! Група научници од Универзитетот од Ново Мексико создале мала лента која ја олеснува болката од изгореници и го олеснува заздравувањето.

Лентите даваат моментално намалување на болка за корисниците со изгореници на внатрешноста од образот и јазикот. Истражувачите сега работат на создавање посилна верзија за пациенти со посериозни изгореници. Следниот чекор за овие ленти е тестирање на луѓе и експерименти за вкус.

Џејсон Мекконвил, предводникот на проектот, изјавил: „Откривме дека лентите се нетоксични, и имаат огромен потенцијал за луѓето со изореници предизвикани од премногу жешка храна или пијалак – или со други зборови, секој човек на планетава. Лентите изгледаат и делуваат исто како и лентите против лош здив кои можете да ги најдете во вашата локална аптека.“

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -