Научниците кои го откриле вирусот, сметаат дека е најголемиот вирус некогаш откриен на Земјата. Вирусот кој го нарекле Пандоравирус има големина од еден микрометар, што е десет пати поголем од било кој друг вирус. Она што е најинтересно е фактот дека само 6% од гените на вирусот им е познат на научниците.
За неговото потекло се шпекулира на големо, од праисториски вирус, па се до пристигање од вселената.
Пандоравирусот може да се најде само под вода и не преставува никаква опасност по човекот, а поради неговата големина, може да се набљудува и под обичен микроскоп.
Доктор Жан Мишел Клавери, научникот кој го открил овој вирус, прво помислил дека се работи за бактерија, поради тоа што имал огромна големина и многу се разликувал од другите вируси.
Она што е вистински шок за научната јавност е фактот дека само 6% од гените на вирусот, потсеќаат на другите гени од вируси што можат да се пронајдат на Земјата. Научниците се обидуваат да дознаат, како оваа клеточна форма мутирала во вирус, но претпоставуваат дека се работи за одбрандбен механизам. Се очекува да се најдат уште вакви огромни вируси.