Научно оправдување за сите мрзи

Добриот изговор злато вреди, а овој може да ви се најде.

Научниците тврдат дека луѓето се раѓаат мрзливи.

Имено, експерти од Канада изведоа експеримент во кој на девет доброволци им ставиле протези на нозете, што го отежнуваат вообичаеното темпо на чекорење. За само неколку минути секој доброволец пронашол начин да го прилагоди својот стандарден ритам на одење, кој се развива во текот на целиот живот, за да исползи помалку енергија.

Истражувачите објаснуваат дека кога нервниот систем е препуштен сам на себе, ги усогласува движењата така што ќе троши што помалку енергија. Тоа е сосема во согласност со тенденцијата дека во разни задачи ќе вложи што е помалку труд.

„ Така ја покажавме психолошката основа на мрзеливоста“, вели водичот на студијата Макс Донелан.

Научниците докажаа дека дури и кога се добро извежбани движењата, како одење, нервниот систем потсвесно го контролира користењето на енергијата и континуирано ги усогласува движењата во постојаната потреба да помине што „поевтино“, во смисла на трошење на силата.

Кога луѓето ќе се зафатат со трчање, нивниот мозок напорно работи за да ја совлада потсвеста, која што се противи на тоа.

Прочитај повеќе: Науката ја објаснува тајната на мрзеливоста

- Реклама -