Научниците создадоа регенеративни забни пломби

dental-x-ray-1200x630-c[1]

Забарите пломбираат милиони и милиони забни шуплини годишно. Обично овој процес е доволен за да ја заштити внатрешната пулпа од штета, но во околу 10% од случаите, пломбите не го постигнуваат ефектот. Тоа подразбира неопходност од правење на „канал на корен“ (root canal) т.е. комплетно отстранување на целото инфицирано ткиво од центарот на забот. Но, што ако постои начин да се стимулира забот за самиот да се поправи?

Баш тоа е идејата на истражувачите од Харвард и од универзитетот во Нотингем, кои развија нов биоматеријал за кој велат дека ѝ овозможува на оштетената пулпа да регенерира нов заштитен слој од дентин. Тоа може да спречи инфекција на местото и да придонесе за поинтегрирани и подолготрајни пломби, со тоа создавајќи голема промена во начинот на кој се третираат денталните шуплини.

„Постоечките дентални пломби се токсични за клетките и затоа се некомпатибилни со ткивото во пулпата во внатрешноста на забот“, објаснува д-р Адам Селиз. „Во слуачите на болест и повреда на денталната пулпа, обично се прави канал на корен за да се отстрани инфектираното ткиво. Ние дизајниравме синтетитчки биоматеријали кои можат да бидат користени слично на денталните пломби, но можат да бидат поставени во директен контакт со ткивото за да ја стимулираат популацијата од матични клетки на репарација и регенерација на ткивото во пулпата и околниот дентин“.

Забите се формирани од неколку различни слоеви на ткиво. Најнадворешниот е енамел, кој е цврста бела површина. Под него е дентинот кој има улога на поддршка за енамелот. Во центарот е пулпата – мекото внатрешно ткиво кое ги содржи крвните садови и нервите. При распаѓање на забот, бактериите можат да пробијат низ енамелот, откривајќи го дентинот и зголемувајќи го ризикот од инфекција, потенцијално изложувајќи ја дури и чувствителната пулпа“. Новоразвиениот биоматеријал е дизајниран да влијае на матичните клетки кои веќе се наоѓаат во пулпата на забот, стимулирајќи ги да формираат нов дентин.

Откритието ги импресионираше присутните на Натпреварот за технологии во подем 2016 кој го организира Кралското друштво по хемија, а биоматеријалот доби втора награда во категоријата „материјали“.

- Реклама -