Научниците развиваат мини роботи кои ќе можат да пливаат во нашата крв

Развојот на минијатурни роботи веќе постои, но досега не е откриен начин за прецизна контрола и управување.

Истражувачите Ерик Дилер и Метин Сити од Универзитетот Карнеги Мело во Питсбург, САД, откриле начин за надминување на овој проблем. Тие создадоа едноставна верзија на микроробот користејќи плочка од материјали со магнетни својства. Секој од роботите е со должина од околу 1 милиметар и има две раце кои можат да зафат минијатурни објекти. Движењето на роботите и функционирањето на екстремитетите им се контролира со магнетно поле.

Досега мини роботите успешно се пренесувале помали објекти и граделе мостови од плочката со формата “Y”.

Метин Сити се надева дека идните подобрени верзии ќе можат да се инјектираат во телото заедно со делови за микромашини кои ќе пливаат во крвта. Идејата е роботот градител да може да составува повеќе функционален систем, наоѓајќи се во крвотокот.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат
- Реклама -