Се чини дека научниците го најдоа клучот за бесмртност. И не, воопшто не станува збор за пресадување на свеста во ново тело или нешто слично комплицирано. Тие најдоа едноставен „прекинувач“ кој може многу лесно да се „уклучи“, преку користење на ген кој ги уништува болните и стари клетки во телото.
Истражувањата на научниците на Универзитетот во Берн покажаа дека овој генетски „прекинувач“ може да им го продолжи животот на мувите од видот Drosophila melanogaster дури за 60 проценти. Сега, истражувачите планираат да го испробаат и на луѓе.
Предводникот на тимот, Едуардо Морено, објаснува: „Нашите тела се составени од неколку трилиони клетки, и за време на стареењето тие клетки акумулираат разни грешки, последица на стрес или надворешни влијанија, како ултра-виолетовата сончева светлина… Бидејќи некои клетки се повеќе афектирани од другите, нашата претпоставка е дека селектирањето на помалку афектираните клетки и елиминирање на оштетените би било добра стратегија за да се опржува здравото ткиво, а со тоа да се одложи стареењето и да се продолжи животниот век“. Научниците се оптимисти дека генската конзервација кај луѓето отвара многу можности за селектирање на поздравите клетки во органите и очекуваат ваквиот метод да се користи во иднина како механизам против стареење.
Истражувањето е објавено во журналот Cell.