Научниците најдоа начин да ги „исклучат“ педофилите?

Педофилите и злоставувачите би можеле да бидат излечени, откако научниците открија хормон поврзан со сексуалниот апетит.

Кога хормонот бил „исклучен“ кај експерименталните глувци, нивните нагони за секс драстично се намалиле. Експертите се оптимисти дека ова истото би можело да им помогне и на силувачите.

Професор Елизабет Џерлхаг, од универзитетот во Готенбург, вели: „Веќе е познато дека грелинот влијае на механизмите на „наградување“ во мозокот, кои се активираат при конзумирање на храна, алкохол и други дроги што предизвикуваат зависност… Нашата студија сега за прв пат покажува дека грелинот има улога и во природните механизми на „наградување“, како што е сексот“.

Истражувањето покажува дека глувците на кои им е даден хормонот поверојатно ќе тргнат во потрага по партнер. И обратно, кога е намалена количината на хормонот, нивниот нагон згаснува.

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка

Авторите на студијата истакнуваат дека нивното откритие е далеку од гаранција и дека се потребни многу дополнителни истражувања за да се утврди дали улогата на хормонот грелин е иста и кај луѓето. Сепак, тие се оптимисти дека го имаат потенцијалниот нов и поефикасен третман на секс-зависностите и сексуалното злоставување.

Зависностите, како и сексуалното злоставување се еден од нашите најголеми општествени проблеми и постои огромна потреба од нови стратегии за третман. Ако ништо друго, резултатите од оваа студија ќе пополнат важен дел од сложувалката.

- Реклама -