Секогаш ни било интересно да гледаме мачки како си играат и се кријат во хартиени кутии, а при тоа изгледаат слатко и задоволно.
Од таа причина, научниците решија да откријат што е извор на нивното задоволство и зошто тие толку ги сакаат кутиите.
Дали криењето во нив овозможува намалување на стресот за мачките и прибежиште?
Ова прашање го поставија ветеринарските научници од Универзитетот во Утрехт, а одговорот што го добија, ги потврди сомнежите.
Криењето во картонските кутии го намалува стресот кај мачките, барем за кратко. Меѓутоа, кога домашна мачка ќе ја однесете во прифатилиште за животни без кутија, таа би имала сериозен проблем да го прифати местото.
Од таа причина, научниците спроведоа едно истражување, каде еден дел од мачките што пристигнуваат на ново место биле ставани во кутии, а други не. Тогаш заклучиле дека мачките без можности за криење во кутиите покажувале многу повеќе знаци на стрес, отколку оние што се криеле во истите.
Меѓутоа, по две недели мачките кои имале можност да се сокријат, и оние кои немале, покажале ист степен на изложеност на стрес.
На основа на ова, доаѓаме до заклучок дека во прифатилиштата, кутијата за сокривање е исклучително важна во првите две недели, за мачката побрзо да се навикне на новото окружување.
Уште една претпоставка е дека мачките ги скаат кутиите поради топлината што им ја овозможуваат.
Прочитај повеќе: Преслатко: Големи мачки и картонски кутии