Научници создадоа речиси целосно развиен човечки мозок

Научниците од САД  развија речиси целосен човечки мозок во лабораторија, чија што зрелост е споредлива со онаа на 5-неделен ембрион во мајчината утроба.

„Органоидот“ е создаден од репрограмирани клетки од кожата и е со големина на гума за молив. Научниците од Универзитетот во Охајо се надеваат дека минијатурната маса од функционални нервни клетки и влакна ќе се покаже како драгоцено средство за тестирање на нови лекови, без да се користат животни, како и за истражувањето на мозочни болести како Алцхајмеровата болест.

Освен нервните клетки и нивните “проводници” на сигнали – нервните влакна и дендритите, “мозокот” содржи исто поддржувачки и имунолошки клетки. Органоидот располага со 99 проценти од гените, достапни во мозокот на ембрионот. Научниците се уште немаат јасност дали ако биде одгледуван уште некое време во лабораториски услови, “мозокот” ќе го надополни исчезнатиот еден процент гени и ќе се развие целосно.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите
- Реклама -