Група научници временски ја одредија една од најголемите соларни бури што ја погодиле Земјата во 664 година п.н.е., што би можело да биде навремено предупредување откако поларната светлина оваа година е забележана значително подалеку од вообичаеното кој југот на планетата, а Сонцето влегува во период на соларниот максимум.
Научниците од Универзитетот во Аризона опишаа бура што ја погодила Земјата со сончево зрачење толку интензивно што би ги нарушило „електричните мрежи, сателитите и комуникациските мрежи ширум светот денес“.
Бурата 664 п.н.е била значително поинтензивна од таканаречениот „настан во Карингтон“ од 1859 година, кога Земјата беше погодена од коронални масовни исфрлања на маса од сончевата површина за време на сончевиот максимум, како што беше забележано од страна на аматерскиот британски астроном по кого настанот го доби името.
Феноментот Аурора бореалис тогаш бил видлив во тропските предели, а луѓето на северната хемисфера можеле да читаат ноќе поради тоа. Меѓутоа, овој настан ја „спржила“ технологијата од тоа време, во прв ред телеграфите.
Денес сите летови ќе мора да бидат приземјени поради тоа, а електричните мрежи во светот и поврзаната инфраструктура ќе мора да бидат исклучени како мерка на претпазливост.
Ова би се постигнало во најдоброто сценарио, во кое човештвото успешно предвидува кога ќе се случи таква соларна бура. Фатен несвесен, светот би бил во голема неволја, дури и кога бурата би била многу помалку интензивна од оние во минатото.
Сателитите најверојатно би се претвориле во вселенски ѓубре, а електричната мрежа би се пржила, што не само што би ги затворило глобалните комуникации, туку и клучните апарати и објекти како пумпи за вода, фабрики, банки, фрижидери и многу повеќе.
Таков настан би имал „катаклизмично влијание врз комуникациската технологија“, вели Ирина Панјушкина од Универзитетот во Аризона, дел од тимот што ја откри бурата 664. Дека може да се случат такви потенцијално катастрофални соларни бури, откри во 2012 година јапонскиот научник Фуса Мијаке. Бурата од 664 п.н.е е еден од таканаречените шест настани на Мијаке кои ја погодија Земјата, бури кои веројатно беа поинтензивни од онаа во 1859 година.
За да го лоцираат настанот, Панјушкина и колегите ги испитаа остатоците од древните дрвја и примероците од дрво. Истражувањето беше финансирано од NASA, Европската унија и унгарската влада, а наодите беа објавени во списанието Communications Earth & Environment.
Соларните ерупции, во зависност од моќноста на рентген зраците се делат на пет класи: А В,С, М и Х. Најниската класа А0.0 одговара на силата на радијација во орбитата на Земјата од 10 нановати на квадратен метар. Во процесот не преминување на следната буква од скалата, моќноста се зголемува за 10 пати. Овие појави обично се проследени со исфрлање сончева магма чиишто облаци кога ќе достасаат до Земјата може да предизвикаат магнетни бури.
Сончевите бури настануваат кога Сончевите дамки ќе еруптираат и во Вселената емитуваат снопови набиен честички. Тоа може сериозно да го поремети снабдувањето со енергија и радиоврските на Земјата. Ваквите активност на Сонцето обично се проследени со циклуси кои се одвиваат на секои 11 години, а како што забележуваат научниците се чини дека тоа во овој период минува од мирна во активна фаза и последните години овие појави се зачестени.
Најмоќната геомагнетна бура откако се следат овие вселенски појави се случила во 1859 година. Таа е позната како „Карингтоновите случки“ според британскиот астроном кој ги набљудувал огромните дамки и експлозии на Сонцето од 28-ми август до 2-ри септември 1859 година. На 1-ви септември таа година на Сонцето се случиле коронарни ерупции кои биле толку силни што само за 18 часа стигнале до Земјата, иако ова растојание вообичаено ги минуваат за три до четири дена. Како резултатот на влијанието на магнетната бура на Земјата дошло до пад на телеграфските системи во Европа и во Северна Америка. Поларната светлина била забележана во целиот свет, а во некои области на планетата светлината на небото била толку силна што локалното население мислело дека се разденило.
Последната сончева бура која имаше последици на Земјата се случи во 1989 година кога беа исклучени сите електрични централи во канадски Квебек.
Сонцето минува низ активен циклус на секои 11 години. Последниот максимум се случи во 2001 година, кога беше доста слаб, но траеше подолго, а последниот започна во 2013 година.