Ви текнува на synthehol, течноста која ја пијат членовите на екипажот во серијата Ѕвездени патеки? Тоа е супстанца која ги има истите ефекти на алкохолот, но без оние несаканите како мамурлакот или мачнината. Научниците работат на тоа synthehol-от да стане реалност.

Течноста би создавала чувство не пријатна зашeметеност, но од неа не би можеле навистина да се опијаните, ни да ги искусите непријатните последици како мамурлакот или мачнина. Уште една предност на оваа замена за алкохол е што нема да создава зависност.
Тимот научници, воден од контроверзниот неуропсихофармаколог Дејвид Нат, се концентрира на главната состојка на валиумот – бензодиазепин, со која може да се постигне посакуваниот ефект. Предностите на бензодиазепините, според Нат, е што не влијаат врз центарот за зависност во мозокот и лесно може да се прочисти организмот од нив со антидот, што значи дека ефектите од лажниот алкохол лесно ќе можат да се „исклучат“ со помош на таблетка.
Нат и неговите колеги сега работат на тоа да најдат бензодиазепин чии ефекти ќе бидат најслични на оние предизвикани од алкохолот. [Real-Life Synthehol Will Get You Buzzed, But Never Drunk]