Кобната „игра на потера“ меѓу канцерогените и здравите клетки е главна карактеристика на процесот на метастаза.
Механизмот што го користат клетките за да се групираат и да се движат по телото – своевидна потера – е првиот опис на ширењето на клетките на ракот, објавија научниците од Универзитетот College London (UCL).
Студијата објавена во „Nature Cell Biology“ се фокусирала на процесот што се одвива меѓу клетките на ракот и здравите клетки, односно што точно се случува за малигните клетки да почнат да се селат по телото во процесот на метастаза.
Научниците знаат дека клетките на ракот „регрутираат“ здрави клетки и ги користат за да се шират низ телото. Но, како се одвива точно овој процес и како би можел да се контролира, односно каква терапија би била ефикасна против ракот, сѐ уште не е познато.
Што се знае?
Меѓутоа, користејќи ембрионални клетки на риби и жаби кои по прашањето на инвазивност се слични на клетките на ракот и други ембрионални клетки, научниците од UCL почнаа да го сфаќаат овој процес.
Утврдиле дека инвазивните клетки сместени покрај обични клетки доживуваат драматична трансформација и тргнуваат во потера. Истовремено здравите клетки бегаат. Оваа потера зависи од малите молекули кои ги привлекуваат ембрионалните клетки, а нив ги произведуваат токму клетките што бегаат.
Авторите веруваат дека многу сличен процес се одвива меѓу клетките на ракот и здравите клетки и дека на тој начин доаѓа до метастаза. Здравите клетки се обидуваат да побегнат, но ги пратат малигните клетки затоа што здравите произведуваат и супстанција што ги привлекува клетките на ракот.
Доктор Роберто Мајор, водич на студијата, вели:
„Ја користиме аналогијата на магаре и морков за да го објансиме ова однесување. Магарето оди по морковот, а морковот се поместува. Ова сознание отвара можност за алтернативни методи на лекување. Терапијата би требало да делува на интеракцијата меѓу малигните и здравите клетки за да се спречи ширење на ракот и секундарни тумори“.
Повеќето смртни случаи поврзани со ракот се последица на метастазирање на виталните органи, како што се белите дробови и мозокот, а не на појавата на првичниот тумор.