Научниците создадoa месо во лабораторија

pigНапредокот кон вештачки создадената храна отиде чекор понапред откако научниците создадоа форма на свинско во лабораторија за прв пат. Холандските научници го создадоа првото „ин витро“ парче свинско месо, користејќи се со клетките од жива свиња.

labmeatНапредокот кон вештачки создадената храна отиде чекор понапред откако научниците создадоа форма на свинско во лабораторија за прв пат. Холандските научници го создадоа првото „ин витро“ парче свинско месо, користејќи се со клетките од жива свиња.

Никој сè уште го нема пробано овој продукт, но се верува дека вештачкото месо ќе се најде во продажба и на трпезите во следните пет години. Месото е направено така што се зема матична ќелија позната како миобласт од мускулот од жива свиња. Таа потоа се инкубира за да се охрабри да се мултиплицира во бесконечен број.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Научниците се надеваат дека доколку заживее идејата за конзумирање т.н. „ин витро“ или култивирано месо тоа ќе има поволен ефект врз околината. Според пресметките на ОН конзумирањето месо и млечни производи ќе се удвои до 2050. Ова може да резултира со невидени последици врз климатските промени од ефектот на загревање на атмосферата предизвикана од метанот, дигестивниот гас од животните на фармите. Активистите за похуман однос кон животните кои го промовираат вегетаријанството се задоволни од ова достигнување на научниците. [Scientists grow pork meat n a laboratory]

- Реклама -