Научниците открија дека постои вистинска љубов

Повеќе... Една добра вест за непоправливите романтичари: научниците докажаа дека љубовта која трае цел живот не е клише излезено од филмовите и романите. Таа е реална (и по сè изгледа научно докажлива).


2838756011_d943ef17d8_m.jpgЕдна добра вест за непоправливите романтичари: научниците докажаа дека љубовта која трае цел живот не е клише излезено од филмовите и романите. Таа е реална (и по сè изгледа научно докажлива).

Користејќи мозочни скенери истражувачите од Стони Брук универзитетот во Њујорк откриле дека кај мал број на парови постои истата страст и чувство на вљубеност, како што е на почетокот од вљубувањето, и после 20 години.

Истражувачите ги скенираа мозоците на оние парови кои се заедно 20 години и ги споредија со оние на „свежо“ заљубените. Околу 10 проценти од овие првите ја имале истата хемиска реакција кога им покажувале слика од нивните сакани како и оние кои се во првата фаза на вљубеност.

Ова ги побива претходните истражувања со кои се тврдеше дека првиот бран на романтична вљубеност бледнее во рок од 15 месеци, за по 10 години сосем да исчезне.

- Реклама -