Научниците открија на што се должи генијалноста на Ајнштајн

 

Генијалноста на Ајнштајн се должи на невообичаено добрите врски помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот, објави весникот „Дејли телеграф”, повикувајќи се на кинески научници.

Трудовите кои Ајнштајн ги објавил на 26 години, значително придонесуваат за современата физика и ја менуваат претставата за вселената, времето, масата и енергијата. За оваа несекојдневна интелигенција веројатно придонеле врските во мозокот.

Раководителот на истражувањето Вејвеј Менг од Катедрата за физика на  Универзитет во Кина,  развил нов метод за истражување на мозокот, кој открива во детали голем сноп влакна  кои ги поврзуваат  двете хемисфери на мозокот на Ајнштајн.

Така тој измерил  каде нервите преминуваат од едната страна на другата, како  и нивната дебелина. Тоа покажува колку се поврзани  двете хемисфери во конкретни области, што олеснува различни функции во зависност од тоа каде минуваат влакната.

Движењето на рацете на  пример, се наоѓа кон предниот дел, а аритметиката на умот кон задниот.

Со новиот метод научниците ги  споредиле  показателите на Ајнштајн со оние на 15 возрасни мажи и на 52-ца млади мажи. Резултатите покажале  дека Ајнштајн имал многу поразвиени врски меѓу одредени делови на мозочните хемисфери во споредба со младите , како и со повозрасната  група.

„Ова истражување  дава внатрешен поглед во мозокот на Ајнштајн. Нешто што претходните истражувања не успеаа да го постигнат “, вели д-р Дин Фолк.

- Реклама -