Вакцината е заснована на друг вирус, цитомегаловирус (СМV) од фамилијата херпес.Најновата студија објавена во списанието „Nature“ покажува дека научниците дошле до вакцина која успешно ги штити мајмуните од СИВ вирус, еквивалентен на човековиот ХИВ кој предизвикува СИДА.
Американските научници одушевено ги претставиja резултатите од истражувањата кои покажаа дека во случаи на девет, од вкупно 16 мајмуни, вакцината делувала. Истиот принцип би требало веќе да се промени и врз луѓето и да се испита колку вакцината може да биде ефикасна во спречување и ширење на ХИВ.
Професорот Луис Пикер од VGTI Институтот во Орегон истакнува како ова е многу комплициран процес за анализирање, бидејќи секогаш може да постои некоја ќелија која ќе скршне од анализата.
Тимот на научници работеше со многу агресивна врста на вирус, со име SIVmac239, кој е и до 100 пати по смртоносен кај мајмуните, отколку што е ХИВ кај луѓето.
Мајмуните кои се заразени со вирусот умирале во просек по две години. Иако и по вакцината дел од нив ја изгубиле битката, ситуацијата значително се подобрила кај повеќе од половина.
„Во голем дел од случаите, со многу строги критериуми дојдовме до ситуација во која во телото на мајмуните не остана ниту една трага од вирусот“, наведува професорот.