Научниците открија дека долговечноста нема никаква врска со здравиот начин на живеење, туку со гените. Тие успеаа да ги идентификуваат гените на долговечноста односно т.н. Метузалемови гени, чии среќни носители можат да доживеат 100 години без разлика на тоа дали имаат, или не, здрави навики.
Научниците открија дека долговечноста нема никаква врска со здравиот начин на живеење, туку со гените. Тие успеаа да ги идентификуваат гените на долговечноста односно т.н. Метузалемови гени, чии среќни носители можат да доживеат 100 години без разлика на тоа дали имаат, или не, здрави навики.
Имено, ретките среќници кои поседуваат Метузалемови гени не мора да се грижат за своето здравје, можат да пушат, да се хранат нездраво, да не вежбаат, а сепак да доживеат длабока старост. Тајната на нивната долговечност лежи во ретката комбинација од повеќе гени која дополнително ги штити од дегенеративни болести кои доаѓаат со староста, како и од лошите последици на нездавиот начин на живот. Научниците открија дека луѓето кои живеат подолго поинаку ги метаболизираат мастите и шеќерите, кожата поспоро им старее и многу ретко заболуваат од притисок, шеќерна болест и срцеви заболувања, сето тоа благодарејќи на малите генетски мутации.
Метузалемовите гени – кои го добија името според библискиот патријарх за кој се вели дека живеел 969 години – беа идентификувани како CETP и ApoC3. Оваа комбинација на гени е многу ретка – еден на 10.000 луѓе доживува длабока старост од 100 години. Научниците веруваат дека после идентификувањето на гените на договечноста ќе биде полесно да се најде пилула која ќе го успорува процесот на стареење. Според нив, кога веќе e познато кои се гените кои ја контролираат долговечноста, може да се утврди кои белковини ги создаваат и потоа на нив да се делува со помош на лекови. Тоа веројатно би бил најпродаваниот лек на сите времиња, велат тие. [‘Methuselah’ gene: Scientists find secret to living to 100 – you just have to have the right DNA]