Научниците докажаа дека сите ние сме по малку Неандерталци

neanderthal3Научниците објавија дека еден до четири проценти од човечкиот геном потекнува од Неандерталците, нашите најблиски сродници. Со секвенционирање на геномот на Неандерталецот се утврди дека нашите предци не можеле да му одолеат на шармот на Ненадерталците, па така дошло до вкрстување, а како резултат на тоа гените на Неандерталците се пренесле до денес.


article-1273904-0029DB0D00000258-406_634x437Научниците објавија дека еден до четири проценти од човечкиот геном потекнува од Неандерталците, нашите најблиски сродници. Со секвенционирање на геномот на Неандерталецот се утврди дека нашите предци не можеле да му одолеат на шармот на Ненадерталците, па така дошло до вкрстување, а како резултат на тоа гените на Неандерталците се пренесле до денес.

Всушност до 4% од гените на луѓето кои денес живеат во некои делови од светот доаѓаат од малиот, низок пештерски човек. Како што наведуваат истражувачите, генетската размена се случила пред 50.000 до 80.000 години кога првите хомо сапиенси ја напуштиле Африка – колевката на човештвото – и дошле во допир со Неандерталците на Блискиот Исток пред да се рашират по Евроазија. 

Овие откритија се резултат на четиригодишното истражување во кое беше анализирана ДНК-та од 40.000 години старите коски откриени во Русија , Шпанија, Германија и Хрватска. Тимот истражувачи декодираа околу 60% од геномот на Ненадерталците и ги споредија резултатите со ДНК-та од луѓе кои денес живеат во Африка, Кина, Папуа Нова Гвинеја и Франција. Никој не знае колку било вообичаено вкрстувањето на двата вида кои коегзистирале заедно во Европа и Азија се додека Неандерталците не исчезнале како вид пред околу 30.000 години, веројатно доведени на работ на истребување од поинтелигентните и покомпетитативните модерни луѓе. Се смета дека генот на Неандерталците можел да биде пренесен на нашите предци доколку група од 1.000 модерни луѓе се вкрстиле со само 20 до 40 неандерталки. [How there’s a bit of Neanderthal in all of us: DNA link to cavemen revealed]

- Реклама -